Американска војска / Фото Архива на Слободен печат

„Плата нема, храна барајте во народните кујни“: Нечуен повик од Вашингтон до американските војници во Германија

Американската армија им препорача на своите припадници стационирани во Германија да побараат помош од германските народни кујни и институции што дистрибуираат храна на сиромашните поради неисплатени плати заради блокадата на буџетот, пренесе „Еуроњуз“.

Администрацијата на американската армија стационирана на четири локации во Баварија им даде упатства на својата веб-страница на војниците за тоа како да се справат со неисплатени плати, чија исплата е блокирана поради спор во Конгресот околу буџетот. Меѓу другото, се споменуваат и германските добротворни организации како што е „Тафел“, што дистрибуираат храна на сиромашните граѓани во сите поголеми градови.

Во Баварија моментално се стационирани околу 37.000 американски војници. Исто така, се посочуваат апликации што можат да се користат за да се пронајдат информации за тоа каде да се купи храна што е пред со рок пред истекување.

Според германските медиуми, американскиот гарнизон Баварија во меѓувреме ги повлече овие упатства од својата веб-страница. Во изјава за дневниот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, американската војска тврди дека упатството било наменето за цивилни вработени, од кои има околу 11.000 во Баварија.

Сепак, истиот весник тврди дека Германија интервенирала со заем од околу 43 милиони евра за плати на германските граѓани вработени во американската армија. САД влегуваат во 38-от ден од таканареченото затворање поради кое беше блокирана исплатата на плати на државните службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот