Планирате свадба? Заборавете на традицијата, во тренд се поинакви венчаници за „wow“ ефект
Сезоната на свадби е сè поблизу, па корисно е да ги погледнеме трендовите на венчавки за 2020 година. А меѓу нив сè помалку се традиционални.
Во последно време популарност стекнува сè што отскокнува од вообичаеното. Како да се биде различен и како да се постигне „wow“ ефект кај гостите?
Модниот портал Lyst ги објави трендовите за венчавки во 2020, еве ги водечките:
Свест за одржливот
Одржливоста и еколошката свест имаат предност, затоа венчаниците кои се еколошки се водечки тренд за свадби за 2020.
Со поимот идеални венчаници особено се барани на Интернет венчаници кои се „веќе носени“ и „vintage“ венчаници. Исто така, невестите сè повеќе ја поддржуваат идејата венчаницата да нема намена само за денот на свадбата, туку да може и во други пригоди да се носи. Во тренд се едноставни модели и кроеви кои добро ќе се вклопат и за други прилики откако ќе ја „одработат“ улогата на венчаница.
Побарувачката за „слип“ венчаници во последните неколку месеци пораснала дури за 64 отсто, додека белите блејзери и комбинезони барани дури 36 отсто повеќе отколку во прошлата сезона.
Современа невеста
Трендот на современите невести тежнее кон нови модни марки, нови дизајнерски имиња и оддалечување од „извиканите“ брендови и сè што е досега видено.
Годинава се најавува и еден необичен и до сега речиси невиден избор на венчаница – предимензионирани модели. Меѓу најбараните во оваа категорија, победата припаѓа на орската дизајнерка Simone Rocha.
Исто така, љубителките на миди должини на фустани во 2020 би можеле да дојдат на свое, зашто како што покажува анализата на трендови, за овој тип на венчаници побарувачката е зголемена за 27 отсто за разлика од минатата година.
Дводелна варијанта
Модерните невести во 2020 предност даваат на удобноста наместо на традицијата и конвенционалните идеи за венчаница. Затоа, предност имаат дводелните опции, кои доволуваат различни комбинации и експериментирање со идеи.
Овој тренд го започнаа некој од познатите имиња како Хилари Даф и Зои Кравиц.
Во оваа категорија особено се барани корсети. За драстично зголемената побарувачка за корсети допринеле и Бела Хадид и Мајли Сајрус.
Mинимализмот е во пораст
Заедно со одржливите материјали и „слип“ венчаниците, во пораст се и минималистичките венчаници. Но, крајно едноставните венчаници во 2020 година се носат со впечатливи детали – украси во коса, панделки, предимензионирани обетки, „откачена“ чантичка и чевли.
Онлајн побарувачката покажува дека модерните девојки се повеќе ја разгледуваат опцијата за костим за капење наместо венчаница.
Уличниот стил исто така е баран на „гугл“, па и тој полека станува еден од водечките трендови за свадби за 2020.