Пјаниќ пред мечот САД – БиХ: „Повторно нѐ потценуваат“
Поранешниот фудбалски репрезентативец на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, во разговор за „Гаѕета дело Спорт“, зборуваше за натпреварот од 1/16 финалето (2 јули, 02.00 часот) во нокаут-фазата против САД на Светското првенство.
Препорачано
– Искрено, никој од нас не го очекуваше ова, по сите промени низ кои поминавме. Един Џеко сè уште игра на 40 години, тој е клучна врска меѓу генерациите и им покажува на сите како треба да се однесуваме, но имаме и многу млади играчи на кои им треба време – рече Пјаниќ.
Поранешниот играч на Јувентус рече дека Американците имаат добар тим, но дека Босанците влегуваат во овој натпревар многу порелаксирано.
– Тие имаат добар тим, играат офанзивен фудбал, со многу подготвен селектор и одличен централен напаѓач како Балогун. Американците мора да бидат внимателни, нашата репрезентација е полна со адреналин и ентузијазам и имам чувство дека повторно е потценета. Слично како и пред мечот со Италија. Таквата атмосфера може да стане опасна за САД – се зборовите на Пјаниќ.
Победникот од овој дуел, во осминафиналето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Белгија и Сенегал.


