Пирс Морган: Слушнав алармантни работи за принцезата Кејт

Фото: EPA

Познатиот британски новинар Пирс Морган се осврна за теориите на заговор за здравствената состојба на Кејт Мидлтон, велејќи дека слушнал „алармантни работи“, пишува „Индепендент“.

Отсуството на Кејт од очите на јавноста откако таа беше оперирана во јануари доведе до бура од шпекулации и теории на заговор на социјалните мрежи. Принцезата од Велс најмногу привлече вниманиe откако објави монтирана семејна фотографија за Денот на мајката.

Меѓународните новински агенции ја повлекоа фотографијата поради стравувањата дека фотографијата е преработена, a палатата не одговори на барањата за оригиналната фтографија. Подоцна, принцезата Кејт јавно се извини.

Морган најпрвин во својата емисија „Без цензура“ тврдеше дека принцезата „најверојатно е добро“, но подоцна истакна дека „палатата нешто крие“.

„Ми кажаа некои работи кои, ако дури и половина од тоа е вистина, тоа е прилично алармантно што се случува. Не знам во што да верувам – не сме таму“, рекол новинарот.

Новинарот секако појасни дека не може да потврди дали е вистина тоа што го информирале, но, исто така, се запрашал зошто Кејт би монтирала фотографии додека се опоравува од операција на абдоменот.

ФОТО| Спорната фотографија на Кејт Мидлтон со децата не е прво фијаско, една и претходно привлече внимание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот