Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување ќе добијат повисоки плати

Увид бил извршен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување пронајдените предмети биле подигнати за понатамошна постапка./ фото: Дирекција за заштита и спасување

На пиротехничарите вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, поради видот, природата и сложеноста на работите и задачите и поради изложеност на висок ризик по животот и здравјето, им се утврдува додаток на плата во висина од 35%, соопшти ДЗС денеска, информирајќи дека ова е усвоено по второто читање на дополнетиот предлог за измени во Законот за заштита и спасување во Собранието.

„Пиротехничарите ќе имаат подобри услови за работа почнувајќи со зголемување на платата за 35%“, се вели во соопштението.

„Вработените службени лица од областа на безбедноста, распоредени на работи и задачите Генерален инспектор, Помошник на Генерален инспектор и Инспектор, покрај додатокот на плата од ставот 17 на овој член, имаат и право на инспекциски додаток на плата во износ од 30% од основната плата согласно Законот за инспекциски надзор“, додаваат од од Дирекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот