Пилешка тава со печурки

Profimedia

СОСТОЈКИ
– 500 г пилешко бело месо
– 300 г маринирани печурки
– 200 мл вода
– 200 мл млеко
– 200 мл бело вино
– 1 филџан масло
– 1 кесичка доматно пире
– 1 павлака
– сол, црн пипер, лаворов лист

ПОДГОТОВКА
Исечкајте го пилешкото месо на коцки, потоа додајте го маслото и кратко пржете го. Зачинете со малку сол и црн пипер.

Додајте ги млекото, водата и белото вино. Покријте го садот и оставете го да се динста додека омекне месото. Додајте ги печурките и нека се динста уште малку.

На крај додајте го доматното пире, павлаката, промешајте и потоа зачинете со оригано, лавор и по потреба со уште сол.

Тавата по желба можете да ја послужите веднаш или да ја потпечете во рерна. Послужете ја со прилог по избор – варен ориз и мешан зеленчук, или бешамел крем од варени и пасирани компири, моркови и брокули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот