Пике за Шакира: Требаше да скокнам од балкон ако придавав важност на сите гласини

Шакира и Жерар Пике
Шакира и Жерар Пике во 2015 година / Фото EPA/Andreu Dalmau

Разделбата на колумбиската пејачка Шакира (46) и шпанскиот фудбалер Жерар Пике (36) со месеци беше главна тема во светските медиуми, но и на социјалните мрежи. Познатата двојка се раздели по 11 години, а причината за раскинувањето беше наводното неверство на Пике.

Обожавателите на латино ѕвездата јавно го критикуваа фудбалерот, а и самата пејачка објави неколку песни во кои го опиша „предавството“ на нејзиниот долгогодишен партнер.

Фото: Инстаграм/Шакира

За време на целата медиумска „бура“, Жерар Пике остана тивок и одбиваше да ја коментира ситуацијата. Месеци подоцна, сега поранешниот фудбалер на ФК Барселона одлучи да го даде своето мислење.

„Ако давав важност на сѐ што се зборува за мене, сега ќе бев затворен во мојот стан или ќе скокнев од балкон“, изјави тој за емисијата „Ел мон“.

Тој додаде дека јавноста не е информирана ниту за 10 отсто што навистина се случило меѓу нив. Покрај врската со пејачката, тој го коментираше и неговото пензионирање, но изјави и дека претходната година му била крајно турбулентна.

Како потсетување, Шакира и Пике беа заедно од 2011 година и имаат две деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Веста за нивното разделување ја споделија во јуни минатата година, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот