Полиција / илустрација

Пијан жител на Бегниште возел без дозвола, се превртел со автомобилот и завршил во болница

Деветнаесетгодишен жител од село Бегниште, Кавадаречко, вчера со своето возило се превртел на пат возејќи пијан и без дозвола на правец од Кавадарци кон селото Ресава.

„На 02.04.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, Кавадаречко, патничко возило ‘даеву ланос’ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, каде е задржан на лекување. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.

Оттаму велат дека по насоки од јавен обвинител возилото било одземено. Увид на местото направила екипа од ОВД Кавадарци, па се очекува соодветна пријава.

Уапсен е полицаец – возел во спротивна насока кај МВР, па му се заканувал на колегата кој го запрел

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот