ПФМЛ: Македонија ЃП со бод за надеж на гостувањето во Струмица
Македонија ЃП делуваше како комплетен аутсајдер пред почетокот на денешниот дуел од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига со АП Брера во Струмица, но „лавовите“ се враќаат во Ѓорче Петров со бод кој значи надеж во борбата за опстанок.
Препорачано
Очекувано, АП Брера започна агресивно и лесно ја презема иницијативата, доминирајќи и на физички план, а нивните фудбалери делуваа мотивирано и инспирирани за добра претстава. По неколкуте обиди на Антовски и Михаилов, во првиот посериозно изграден напад АП Брера дојде до пенал во 21 минута, кога Шерифи стартуваше врз Петровиќ.
Судијата Крумислав Георгиев на барање на гостинскиот тим побара информација, но ВАР судиите ја потврдија неговата одлука. Михаилов беше сигурен реализатор, оставајќи го Јанков на спротивната страна.
Мечот можеше да биде решен во 33 минута, кога една вратена топка кон голманот на гостите Јанков незгодно отскокна и го измами, па тој мораше да вложи напор за да спречи автогол, но домашните не го искористија подарениот удар од аголот. На спротивната страна, најдобрата шанса за Македонија во првиот дел дојде по ударот на Галевски, а голманот Диковски кусо ја одби пред себе, но истурените напаѓачи на тимот од Скопје не го казнија и опасноста беше расчистена.
Гостите стартуваа поагресивно во вториот дел и најпрво се заканија по додавањето на Софијаноски до Џангароски, кој биеше од десно во 47 минута. Само пет минути подоцна, една одбиена топка во шеснаесетникот на Брера го пронајде Галевски, но изгради простор, неговиот волеј беше непрецизен. Во тие моменти на доминација „лавовите“ успеаја да изедначат, откако уште една добро изработена акција се одигра во шеснаесетникот на Брера во 57 минута: Гереро нафрли, Николиќ асистираше до Ајдоган, кој неодбранливо биеше.
По овој последен натпревар од 27 коло, Брера сега е на осмото место со 33 бода, два помалку од Арсими. Три екипи се во трка да избегнат директно испаѓање: Пелистер има 26 бода, Работнички има 25, а Македонија 24 бодови. Последен е Шкупи со еден бод. По само два дена пауза, почнуваат натпреварите од 28. коло на ПМФЛ, а во него Брера го игра првиот меч како гостин во Кратово против Силекс.


