Емануел Макрон и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан - Извор ПресТВ

Пезешкијан му порача на Макрон: Иран ќе ја брани својата територија и националната безбедност

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вчера за време на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон истакнал дека Иран ќе го брани својот територијален интегритет и национална безбедност по секоја цена.

Во разговорот иранскиот претседател детално му ги опишал на Макрон димензиите на тековната американска и израелска агресија против Иран, за која истакнал дека е нелегална, и нагласил дека агресорите продолжуваат да напаѓаат разни цели, вклучително и цивилни центри, пренесува ПресТВ.

Тој посебно ги спомена неодамнешните напади врз два ирански острови, Харг и Абу Муса, нагласувајќи дека овие напади биле извршени од територијата на одредени земји од Персискиот Залив.

„Овие напади беа извршени користејќи ја територијата на некои земји од Персискиот Залив. Оставањето на располагање на Америка на земјиште и објекти за брутални напади врз Иран е спротивно на меѓународното право и принципот на добрососедство“, истакна Пезешкијан.

Тој додаде дека иако Иран никогаш не барал тензии или конфликт, неговиот одговор на агресијата ќе биде одлучувачки.

Пезешкијан го критикуваше деструктивниот пристап на одредени европски земји во поддршката, како што изјави, на злосторствата на израелскиот режим и на САД во регионот и ги повика да се придржуваат кон меѓународното право и владеењето на правото на глобално ниво.

Синоќа, по разговорот со Пезешкијан, францускиот претседател Емануел Макрон на платформата Икс објави дека тој му посочил на иранскиот претседател, Иран веднаш да престане со неприфатливите напади што ги спроведува врз земјите од регионот на Блискиот Исток, директно или преку своите посредници, вклучувајќи ги Либан и Ирак.

„Го потсетив дека Франција дејствува во строго одбранбена рамка, со цел да ги заштити своите интереси, регионалните партнери и слободата на навигација, и дека е неприфатливо нашата земја да биде цел“, напиша Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот