Петровска: Поставено е осветлување кај безбедносните пунктнови кај Дебар (ГАЛЕРИЈА)

Од име на припадниците на МВР им благодарам за свесноста заедно да си помагаме, вели заменик-министерката за внатрешни работи во техничката влада, Славјанка Петровска.

Безбедносните пунктови пред влезот во Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба се осветлени. Заменик-министерката за внатрешни работи во техничката влада, Славјанка Петровска информираше дека за помалку од 24 часа ЕВН и ЕЛЕМ поставиле светло, со цел, припадниците на МВР да можат непречено да вршат контроли на влез и излез од кризните подрачја.

„ЕВН и ЕЛЕМ, пример за општествено одговорни компании кои за помалку од 24 часа одговорија на нашето барање да ги осветлат безбедносните пунктови Бошков мост и Глобочица. Припадниците на МВР секогаш се први на местото на сите кризни состојби и затоа заслужуваат подобри услови за работа. Им благодарам за нивната професионалност и посветеност. Од име на припадниците на МВР им благодарам за свесноста заедно да си помагаме“, напиша Петровска на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот