Петровска најави испраќање нова помош за Украина откако Русите ги уништија македонските тенкови

Северна Македонија упати недвосмислена порака дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во борбата за нејзиниот територијален суверенитет и интегритет, изјави за Канал 5 министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа најави дека во тек се разговори за испраќање нова воена помош за Украина и додаде дека и покрај сите скептици и дезинформации, НАТО сојузниците се грижат едни за други и си помагаат.

„Гарантираме дека секоја педа од државите членки на НАТО е безбедна“, порача Петровска.

Петровска уште соопшти дека е потпишан договорот за набавка на системот за противвоздушна одбрана од Франција и објасни дека стратешките документи за развој предвидуваат неопходност од ваков систем за Армијата.

Инаку, РИА Новости денеска на социјалните мрежи објави снимка од уништените тенковикои на украинската војска ѝ пристигнаа како воена помош од Македонија и од Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот