Петровска: Министерството за одбрана нема оперативна улога во справувањето со заканите за бомби

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска уште еднаш повтори дека и покрај секојдневните закани за бомби нема реални закани за нашата безбедност и дека од НАТО е побарана поддршка з аподолгорочно справување со овие закани.

Според неа, се работи за хибридни напади кои се нов тип на војување.

– Заканите се присутни, но не се опипливи и борбата против нив е потешка, покомплицирана и бара стратегија, рече Петровска.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, таа кажа дека улогата на Министерството за одбрана не е оперативна, туку може да дава поддршка и преку соодветните служби да ги споделува информациите со кои располага, додека оперативната улога ја има Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот