Петра Еклстон го роди четвртото дете: Берни доби прекрасна внука

Петра Еклстон (31), ќерката на милијардерот Берни Еклстон (89), роди девојче. Среќната вест ја откри нејзиниот вереник Сам Палмер во неделата вечерта, а приновата им стигнала пред неколку недели, само го криеле тоа.

„Добив бројни пораки во кои ме прашувавте кога ќе се роди детето. Добивме прекрасно девојче пред неколку недели. Ви благодарам за убавите желби. Мајката и ќерка ми се добро“, напиша Сам на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

Enjoying the sunshine in the garden today ??

A post shared by Sam Palmer (@sampalmerstaffing) on

Петра и Сам сè уште не го открија името не ќерката.

Ова е нивното прво заедничко дете, а Петра од бракот со Џејмс Стант има два сина и една ќерка.

Пред неколку дена странските медиуми објавија дека нејзиниот татко Берни Еклсотн го чека четвртото дете со сопругата Фабијана Флози (44). Берни ќе го добие првиот син во семејството, а терминот е во јули, неколку недели пред неговиот 90-ти роденден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот