Петков: Треба да го промениме разбирањето за тоа што значи РС Македонија да преговара со ЕУ

Кирил Петков
Кирил Петков / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарската Влада соопшти дека премиерот Кирил Петков на 18 јануари ќе ја посети Република Северна Македонија, а повод за посетата, наведе, е 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од страна на Бугарија.

Петков ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и од министерот за транспорт и врски, Николај Сабев.

Утрово и македонското МНР информираше дека висока делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Петков на 18 јануари ќе ја посети земјава.

Посетата ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и ќе ги претстави следните чекори што двете влади ќе ги преземат за решавање на отворените билатерални прашања, пишува БГНЕС.

-Треба да го промениме нашето разбирање за тоа што значи Република Северна Македонија да преговара со ЕУ и да биде дел од неа во иднина. Ајде да зборуваме за сите придобивки што ќе ги имаме ние и Република Северна Македонија од овој процес, се цитира во соопштението изјавата на премиерот Петков.

Според македонското МНР, посетата е планирано да се реализира веднаш по стапувањето во функција на новата Влада на Република Северна Македонија.

-Со тоа, двете држави сведочат за важноста која ја придаваат на меѓусебните односи и соработка. На средбите се очекува да се реафирмираат досегашните резултати и постигнат напредок, како и да се воспостави дополнителна интензивна комуникација во насока на надминување на разликите за важни билатерални прашања меѓу двете земји, наведува МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот