Петар Богојески од Македонски концепт избран за член на Извршниот одбор на МААА

фото Архива

Промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески е избран за нов член на Извршниот одбор на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА).

“Изразувам искрена благодарност до сите членови на MAAA кои на вчерашната собраниска седница, преку тајно гласање со огромно мнозинство ме избраа да бидам дел од Извршниот одбор на оваа организација, а особено на мојот противкандидат, господин Фитим Лога за учеството во изборот. Можноста ќе ја искористам за продлабочување на македонско – американското пријателство, лобирање за македонските национални интереси пред пријателите од САД, особено презентирање на пријателските политики на Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје кон сите наши граѓани”, изјави Петар Богојески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот