Пет причини зошто кашлицата ви трае предолго оваа зима и како да се ослободите од неа

Фото Профимедиа

Веројатно сте забележале дека речиси сите околу вас кашлаат, изгледа, без прекин. Како причината за кашлицата, каква и да е, никако не исчезнува туку продолжува постојано. За што се работи, односно кои се можните причини за хроничната кашлица, а и кои се можните решенија, за „Нова.рс“ раскажува доктор Никола Стојковиќ, општ лекар.

Како што вели д-р Стојковиќ, кашлањето е одбранбен механизам на нашиот организам кој овозможува исфрлање на секретот, туѓата содржина или микроорганизмите кои стигнуваат во дишните патишта. Понекогаш причините кои предизвикуваат кашлица може да останат незабележани, а доколку не се отстранат, кашлицата добива хронична форма.

Тој ги издвојува најчестите причини за хронична кашлица.

Алергии

„Во текот на зимата повеќе време поминуваме во затворени простории, затоа сме и повеќе изложени на алергени кои можат да се најдат таму. Ако сте алергични на мувла, грини од прашина и други вообичаени алергени, може да се соочите со упорна зимска кашлица. За да добиете помош, препорачливо е да се обратите кај алерголог и да направите тест за алергија. На овој начин ќе дознаете на што сте алергични и како да се држите подалеку од тие алергени. Една од терапевтските опции е десензибилизација на одредени алергени“, вели д-р Стојковиќ.

Последици од инфекција

По тешки инфекции на дишните патишта (респираторниот тракт), како што се воспаление на белите дробови (пневмонија) и грип, по лекувањето може да остане упорна кашлица.

„Може да трае со недели, па дури и со месеци. Оваа долготрајна кашлица може да укаже и на тоа дека во вашиот организам може заостанала инфекција, па се советуваат дополнителни испитувања во овие цели. Во зависност од тоа дали кашлицата е продуктивна или не, се советуваат лекови кои го олеснуваат искашлувањето) или антитусиви – лекови кои ја смируваат иритирачката кашлица).

Астма

Астмата е една од најчестите причини за упорна зимска кашлица.

„Бидејќи предизвикувачи на напад на астма најчесто се ладен воздух и иритирачки материи, можно е сувата кашлица да биде присутна во текот на целата сезона. На астматичарите им се советува редовно да ја земаат својата терапија, да избегнуваат вдишување ладен воздух и да не доаѓаат во контакт со иритирачки материи“.

Бронхитис

Бронхитисот е воспаление на дишните патишта, кој исто така, може да има и кашлица како еден од симптомите.

„Ако некое лице има хроничен бронхитис, во текот на зимата кога е сезона на настинки и грип, постои поголем ризик од повторување на оваа болест. Се препорачува редовно да се зема терапија, навремена терапија при настинки и грип, како и вакцинација против сезонски грип. Ако сте пушач, би било логично да размислувате за престанување на пушење.“

Синузитис

Една од честите причини за хронична кашлица е воспалението на синусите.

„Кај ова воспаление доаѓа до течење на секретот по задниот ѕид на ждрелото (фаринксот), што доведува до кашлање. Оваа кашлица може да биде многу упорна и иритирачка. Покрај кашлањето, може да има и чувство на чешање и пецкање во грлото, засипнатост или течење на носот. За дијагностички цели, препорачливо е да се консултирате со лекар специјалист за евентуална компјутерска томографија на синусите“.

Доколку причината е од алергиска природа, треба да се обратите кај алерголог за долготрајно да се реши овој проблем, напоменува д-р Стојковиќ.

А на сето тоа има и загадување.

На крајот, ако кашлицата никако не поминува, единствено логично е да се обратите кај специјалист кој ќе види точно која е можната причина за вас и ќе ви предложи терапија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот