Фото: Македонска Теквондо Федерација

Пет медали за македонските теквондисти на меѓународниот турнир во Скопје

Значителен успех остварија младинците на македонското олимписко теквондо на првиот ден од меѓународниот турнир Скопје Опен Г1/Е1 2026.

Нашите натпреварувачи успеаја да се закитат со пет медали од кои три сребрени и два бронзени.

Ведрана Тунески од Таеквондо клубот Бутел дојде до сребрен медал со три победи, додека Ненад Целески (ТК Хваранг фист) има сребрен медал со еден триумф.

Сребро освои и Душица Бреслиева од ТК Штип со две победи, Теодор Стојановски од ТК Бутел има бронза со две победи.

Со една победа до бронзен медал дојде Антонио Негријевски од Таеквондо клубот Феникс.

На овој силен турнир учествуваат 1000 натпреварувачи од 41 држава од целата планета, и носи бодови за олимписка норма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот