Пет лица од Специјалниот завод во Демир Капија ќе бидат згрижени во групен дом во Велес

Групен дом во Велес/Фото; МИА

Здружението на лица со церебрална парализа од Велес стана лиценциран давател на социјалната услуга „Живеење со поддршка” за лица со попреченост при процес на деинституционализација на лица со попреченост од Специјалниот завод во Демир Капија.

За таа цел оваа невладина организација со финансиска поддршка преку проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка-ТИМОР” на невладината организација CeProSARD со подршка од ЕУ, адаптира групни домови. Од овој месец се очекува да пристигнат првите пет корисника во првиот дом во Велес, информира за МИА Далиборка Златева, претседател на ова здружение.

– Со повлекувањето на овие лица од Домот во Демир Капија и нивно  сместување во групни домови во Велес, а потоа и во други градови во земјава, ќе им се овозможат сервисни услуги на локално ниво како и  24 часовна подршка од асистенти кои ќе се грижат за нив, појасни Златева.

Таа најави дека се подготвува ваков дом и во Градско, уште еден во Велес, а потоа и во село Богородица кај Гевгелија.

Воедна информира дека вчера имале посета од претставници од Atlantic Grupa во првата адаптирана куќа.

При првата посета тие ни го врачија вредносниот чек, донација од 3800 евра. Овие средства се наменети за потребите на корисниците и функционирање на домовите.  Благодариме што сте општествено одговорна компанија, што се сетивте на нас и ја покажавте на дело хуманоста и човечноста! им порача Златева.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот