Пет години од смртта на Фидел: На Куба отворен Центар посветен на Кастро

EPA-EFE/Ernesto Mastrascusa

Во Хавана е отворен центар, наменет за зачувување на делата и мислите на таткото на кубанската револуција Фидел Кастро, кој почина пред точно пет години.

„Во канцеларијата на Фидел во Палатата на револуцијата сè е како што тој го остави на последниот ден од престојот. Се обидувам да го замислам среде тешки битки во текот на толку тешки години. Ме инспирира и ме допира. И јас продолжувам да се борам“, напиша кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел на Твитер.

 EPA-EFE/Ernesto Mastrascusa

Во 2018 година, тој го наследи Раул Кастро, братот на Фидел, кој ја презеде функцијата во 2006 година по 47 години на власт.

Еден месец по смртта на Фидел Кастро, парламентот донесе закон со кој се забранува подигање споменици во негова чест во согласност со неговата желба. Законот забранува употреба на името на Кастро за институции, паркови, јавни места, улици или банкноти.

Единствен исклучок е „користењето на неговото име за именување на институции кои согласно законот се изградени за проучување и ширење на неговата мисла и неговото дело“, како што е центарот што беше отворен.

Харизматичното раководство на Фидел Кастро беше критикувано од неговите противници, кои го обвинија дека негува култ на личноста.

Кастро, роден на 13 август 1926 година, почина на 25 ноември 2016 година во Хавана, а неговата смрт симболично го означи крајот на една ера.

. EPA-EFE/Yander Zamora

Тој важи за револуционерна икона, и една од најзначајните личности на 20 век, и иако се повлече од функцијата, во политичкиот живот на земјата учествуваше од сенка.

Него го наследи неговиот брат Раул, кој иницираше реформи за време на неговиот живот. Откако се повлече од власта, Фидел Кастро се посвети на пишување и редовно примање на странски претставници кои доаѓаа да се сретнат со него.

По негово барање, Кастро беше погребан далеку од очите на јавноста на гробиштата во градот Сантијаго де Куба, каде што и започна кубанската револуција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот