Пет демонстранти мртви откако војници ги прегазиле со воено возило во Мјанмар

Протести во Мјанмар
Протести во Мјанмар/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Пет демонстранти загинале, а најмалку 15 се уапсени откако безбедносните сили на Мјанмар со воени возила ги прегазиле противниците на воениот удар во Јангон, објави локалниот информативен портал „Мјанмар сега“.

Очевидци на местото на настанот изјавија за Ројтерс дека десетици луѓе се повредени. Фотографиите и видеата на социјалните мрежи покажуваат како возило удира во демонстранти и тела кои лежат на патот.

Во Јангон попладнево се одржа уште еден протест и покрај утринското насилство.

Портпаролот на Хунта без коментар

Антивоените протести продолжуваат и покрај убиството на повеќе од 1.300 луѓе од државниот удар на 1 февруари. Протестите често се организирани од помали групи кои изразуваат противење на соборувањето на избраната влада предводена од нобеловката Аунг Су Чи и враќањето на воената власт.

Опозициската влада во сенка рече дека е тажно да се видат како мирните демонстранти се газени и убивани.

Автомобил кој превезувал војници влетал во толпата одзади, велат двајца сведоци, апсејќи ги и тепајќи ги демонстрантите. Некои се тешко повредени, со рани по главите.

Портпаролот на владејачката хунта не го коментираше инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот