Фото: Oleh Hrytsai / Alamy / Alamy / Profimedia

Пет брзи решенија за намалување на високиот крвен притисок кои навистина функционираат

Повеќе од милијарда луѓе во светот живеат со висок крвен притисок (хипертензија), а познато е дека некои од последиците од оваа опасна состојба се срцеви и мозочни удари, откажување на бубрезите, слепило и други компликации. Освен земањето лекови, намалувањето на внесот на алкохол и редовното се занимаваме со физичка активност, можеме многу да направиме и со прилагодување на исхраната. Покрај тоа, нутриционистката Марта Теран предлага пет ефективни начини за брзо намалување на крвниот притисок.

1. Сами подготвувајте си ги оброците

Првата стратегија е – гответе дома. Подготвувањето на сопствените оброци од свежа, нискокалорична храна богата со хранливи материи, посочува нутриционистката, ни помага да го намалиме внесот на натриум и шеќер, додека истовремено го зголемуваме внесот на хранливи материи кои го намалуваат крвниот притисок, како што се калиум, антиоксиданси и влакна. Оваа нутриционистка препорачува да се консумира што е можно помалку преработена храна, поточно, советува да се избегнува купување готови намирници бидејќи често не знаеме што всушност има во нив. Затоа, одењето во ресторани или во пекарници нека бидат исклучок, а не правило.

2. Зголемете го внесот на влакна

Докажано е дека влакната се непријател на хипертензијата, а ги има во речиси сите непреработени растителни намирници. Затоа, нутриционистката советува да се консумира што повеќе свеж зеленчук, што несомнено ќе помогне во намалувањето на крвниот притисок.

3. Внимавајте на внесот на сол

Солта е исклучително важна за нормалното функционирање на човечкото тело, но во никој случај не е пожелно нејзино прекумерно внесување. Тоа е една од најважните причини за висок крвен притисок, така што луѓето кои се борат со овој проблем треба сериозно да ја сфатат пораката за ограничениот внес. Препорачаната дневна доза на кујнска сол според Светската здравствена организација е пет грама.

4. Внесувајте повеќе калиум

Исхраната со малку калиум и богата со натриум, како што се преработеното месо, индустриските сокови, брзата и инстант храна и газираните пијалаци, придонесува за висок крвен притисок. Спротивно на тоа, храната богата со калиум, како што се зелениот зеленчук, бананите, слаткиот компир, млечните производи, гравот и авокадото, може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.

5. Не заборавајте на водата

Пиењето доволно течности е исто така исклучително важно кога станува збор за крвниот притисок. Имено, внесот на вода им помага на бубрезите ефикасно да го излачуваат вишокот натриум, за кој знаеме дека може да го зголеми крвниот притисок. Кога нашето тело е дехидрирано, крвните садови се стеснуваат, што го отежнува протокот на крв, што доведува до висок крвен притисок. Хидратацијата го одржува и балансот на електролити, како што се калиумот и натриумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот