Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков/Валери Шарифулин/ПУЛ/ТАСС

Песков: Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека ажурираниот декрет на рускиот претседател Владимир Путин за нуклеарната доктрина значи дека отсега Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија со употреба на конвенционално оружје против неа.

„Причината за ажурирање на руската нуклеарна доктрина беше потребата да се усогласи документот со актуелната политичка ситуација“, рече Песков.

Тој нагласи дека Русија секогаш заземала одговорна позиција и ги правела неопходните напори за намалување на нуклеарната закана и спречување на влошување на меѓудржавните односи пренесува „Танјуг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот