Пештерски фигури, стари околу 1.000 години, откриени во Алабама
Најголемите пештерски фигури во Северна Америка се откриени во Алабама како резултат на напредна фотографија, пишува Гардијан.
Препорачано
Во студијата објавена во вторникот во списанието Антиквити, истражувачите открија дека пештера во северниот дел на Алабама е дом на резби кои датираат од пред околу 1.000 години. Експертите проценуваат дека резбите се направени во периодот на Вудленд.
Резбите, од кои некои се долги и до 2 метри, прикажуваат различни фигури, вклучително и луѓе кои носат домородни американски облеки како што се наметки.
„Тие се или луѓе облечени во регалии за да личат на духови, или се духови“, изјави за Ен-Би-Си археологот Јан Симек, професор по антропологија на Универзитетот во Тенеси и главен автор на студијата.
На друга резба има завиткана змија за која експертите главно веруваат дека е дијамантска змија ѕвечарка.
Резбите полека избледеле во ѕидовите на пештерата во текот на следниот век, бидејќи постепено биле покривани со природна кал. Истражувачите, сепак, биле во можност да ги откријат резбите откако искористиле фотографска фотограметрија за да создадат фотографски модели на таванот на пештерата. Техниката комбинира дигитални фотографии со 3Д компјутеризирани модели на одреден простор.
Пештерата, која беше откриена во 1990-тите, е дел од илјадниците пештери долж јужниот дел на Апалачиското плато, што се протега од јужна Пенсилванија до Алабама. Точната локација на пештерата не е откриена бидејќи истражувачите ја чуваат строго чувана тајна.


