Перез во се поголеми пробеми, сега е откриено дека гасел емисии и им се заканувал на медиуми и новинари

Перез нема да дозволи да биде уценуван од ПСЖ/ фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Флорентино Перез од ден во ден тоне се подлабоко откако „Ел Конфиденсал“ започна да објавува аудио снимки на кои се слуша како како гази по клупските легенди Раул и Икер Касиљас, потоа го навредува и Кристијано Роналдо за кого вели дека е болен човек, а на тапет му беше и Жозе Мурињо.

Првиот човек на Реал Мадрид најави дека ќе покрене тужба новинарот Хосе Антонио Абелан и „Ел Конфиденсал“ бидејќи веќе неколку дена објавува ги објавува аудио снимиите. Перез е убеден дека новинарот Абелан му ги предал аудио снимките на „Ел Конфиденсал“.

Интересно што тужбата нема да биде покрената поради клевета, туку поради повреда на честа и угледот. Причината за тоа е што Перез не тврди дека снимките не се автентични, туку покренува тужба бидејќи смета дека иако се стари и до 15 години, се пуштаат во јавноста за да му наштетат поради неговото учество во европската Суперлига.

Скандал го тресе Реал Мадрид, Флорентино Перез газеше го легендите на клубот

Одговорот од „Ел Конфиденсал“ дојде денеска кој објави нов сет на аудио снимки кои се направени во периодот од 2007 до 2012 година и на кои се слуша како Перез зборува за медиумите.
Во транскриптите може да се прочита дека Перез договара гасење на одредени ТВ емисии, организира јавен линч на своите противници на социјалните мрежи и условува донесување одлуки на националната телевизија.

„Не се грижи за ништо, мораме да ја добиеме само битката против „Марка“ и ТВЕ. Со тоа ќе го изолираме „Ел Паис“ кој не се однесуваше лошо, како што беше случај со Релано и Де ла Морено. Повеќе нема да ја има Ел Рондо“, зборува Перез во еден дел од снимките.

Иако не е јасно на кого му се обраќа Перез, но на шпанските медиуми им стана јасно дека првиот човек на Реал Мадрид зборува за радио водителот Хозе Рамон де ла Морено, кој ова лето замина во пензија. Де ла Морено беше еден од најпознатите водители на радиото Кадена СЕР.
Вториот човек кого Перез го споменува е Алфредо Релано, кој 23 години беше главен уредник на весникот „Ас“ и заедно со Де ла Морено е дел од ПРИСА групацијата на која претседателот на Реал Мадрид и објави војна и која е сопственик на весниците како „Ас“ и „Ел Паис“ како и на други весници и радија.

Перез тоне се подлабоко, сега се појавија снимки на кои го напаѓа и Кристијано Роналдо: Тој е болен идиот

 

Ел Рондо беше емисија шпанската национална телевизија и која се емитуваше од 2005 до 2007 година и во неа гостите од светот на фудбалот и спортски новинари, зборуваа за актуелни спортски настани.
Перез вели дека таа емисија мора да се тргне од етерот и дека има човек кој ќе го направи тоа.
– Ќе видиме на колкав период е потпишан договорот за емисијата. Доколку се  останати само неколку месеци, тогаш веднаш се гаси. Доколку договорот е на повеќе сезони, ќе почекаме да дојде лето по што ќе биде изгасена емисијата – зборува Перез.

Желбата на Перез се исполни во летото 2007 година кога емисијата беше тргната од програмата на ТВЕ кога директор на националниот сервис вил Луис Фернандес.

Еден од редовните гости во емисијата Ел Рондо бил новинарот Роберто Гомез кој подоцна во интервју за „Марка“ ги открива деталите од гасењето на истата.
– Емисијата ја згасна Флорентино Перез. Тоа беше грешка, емисијата беше најдобра на ТВЕ. Потоа го добивме Педрерил и неговата емисија „Клуб де футбол“ која не беше ниту блиску до кравитетот на Ел Рондо – изјави Гомез за „Марка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот