Пепе бесен по елиминацијата: Како може да нѝ суди Аргентинец?!

Фото: EPA-EFE/Ali Haider

Мароко ја елиминираше Португалија од Светското првенство со победа од 1:0. Оваа победа донесе голема еуфорија кај сите марокански навивачи, но и револт кај Портуалците.

Дефанзивецот Пепе кој е познат по својот темперамент по натпреварот се пожали на судењето и истакна дека не му е јасно како може да им суди аргентински судија.

„Крајно неприфатливо е да нѝ суди Аргентинец. Не велам дека дојде тука со некоја посебна намера…Но, видовте ли колку игравме во второто полувреме, нивниот голман постојано задржуваше време, а дополнувањето беше само осум минути. Петмина судиите кои беа на теренот денес беа Аргентици…Што да кажам повеќе“, изјави Пепе.

Мароко во полуфиналето го очекува натпревар против уште една голема селекција Англија или Франција, но оваа репрезентација веќе покажа дека може да игра против секого. Во групната фаза, Мароко одигра нерешено против Хрватска и ја победи Белгија, додека во осминафиналето ја елиминираше Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот