Пензионираниот професор доктор Димитар Краја е херојот меѓу белите мантили во Албанија

Пензионираниот професор доктор Димитар Краја несомнено е херојот меѓу белите мантили во Албанија. Меѓу првите се јави на повикот да помогне, се разболе од „Ковид-19″ оздрави и повторно се врати да биде во служба на здравјето на пациентите.

Некогашниот шеф на службата за инфективни болести при Институтот за јавно здравје и професор на Медицинскиот факултет, беше меѓу првите кои се јавија на повикот на Министерството за здравство и социјална заштита да помогнат во справувањето со коронавирусот.

Белиот мантил, кој го носеше цели 48 години, познатиот инфектолог, по неколкугодишна пауза, повторно го облече на 20 март и во Инфективната клиника работеше рамо до рамо со младите колеги.

Онака како што го привлече вниманието неговото несебично залагање, исто така беше примена и веста дека и тој се заразил со коронавирус. Но, тој успеа да ја добие битката со опасниот вирус и повторно се врати во клиниката да биде заедно со колегите лекари во оваа војна.

Лично министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу преку Фејсбук ја соопшти веста постирајќи и фотографија.

-Како што вети Проф.Д-р Димитар Краја,се врати во Инфективната клиника, откако ја доби битката со опасниот Ковид-19. Доктор Лули, како што го викаме сите, му подаде рака на неуморниот персонал на клиниката, каде останува непресушен извоз на сила,- напиша Манастирлиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот