Пензионерка од Мисури три пати ограбила банка, полицијата успеа да ја фати

Фото Полиција Мисури

78-годишната Бони Гуч, која веќе два пати беше осудена за грабежи на банки, повторно е уапсена поради трет грабеж во Мисури, соопшти полицијата. Гуч влегла во Гуперт Фајненшл Банк и наводно и предала на благајничката белешка во која барала да и предаде илјадници долари во готово. Таа оставила и белешка во која пишувало „Благодарам, извини, не сакав да те исплашам“, пред да замине со парите.

Во моментов е во затвор и ќе мора да плати кауција од 25.000 долари доколку сака да биде ослободен. Гуч влегла во банката со црна маска, црни очила за сонце и пластични ракавици. Обвинителите тврдат дека видеото од надзорот покажува како таа удира по шалтерот во еден момент, наредувајќи побрза испорака на готовината, пишува „Би-Би-Си“.

Полицајците во Плезант Хил, Мисури добиле пријава за „грабеж во тек“ и набрзо ја пронашле осомничената жена во нејзиното возило. Обвинителите наведуваат дека во возилото се почувствувал силен мирис на алкохол, додека парите биле расфрлани на подот.

Седумдесет и осумгодишната жена е уапсена и обвинета за еднократна кражба или обид за кражба од финансиска институција. „Кога полицајците првпат ѝ пријдоа, беа некако збунети… Отпрвин не бевме сигурни дека ја имаме вистинската личност“, изјави началникот на полицијата во Плезант Хил, Томи Рајт за Канзас Сити Стар.

Ова не е првпат Гуч да има проблеми со законот. Веќе имала две пресуди. Еден за грабеж во Калифорнија во 1977 година, а друг за грабеж на банка во 2020 година, каде што таа наводно на шалтерката и подала роденденска честитка на која пишувало „ова е грабеж“. Нејзината условна казна за грабежот во 2020 година истекла во ноември 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот