Пентагон: Во Европа има 100.000 американски војници, сакаме победа на Украина

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека во Европа има 100.000 американски војници, но дека не е исклучена можноста за испраќање дополнителни сили, доколку членките на НАТО сакаат или имаат потреба.

– Правиме сѐ што можеме за да им помогнеме на сојузниците. Имавме 80.000 војници во Европа, а сега има 100.000. Нашата цел е Украина да победи во неиспровоцираната инвазија на руските сили. Никој сега не може да знае како ќе изгледа крајот на војната, изјави Кирби.

Според него, САД сакаат Украина да биде цела, да се почитува нејзиниот суверенитет и Русија да ја напушти територијата на таа земја.

– За победата треба да одлучи претседателот на Украина Володимир Зеленски, појасни Кирби.

Портпаролот на Пентагон посочи дека руските сили се прегрупираат и се повлекуваат во регионот на Донбас и југоисточна Украина.

– Единиците од околината на Киев се повлекуваат кон Белорусија и Русија и очигледно е дека се прегрупираат за акции на истокот и југот на Украина, рече Кирби.

Тој додаде дека кон средината на месецот треба да бидат завршени два пакета помош за Украинците, во вредност од 800 и 100 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот