Пентагон / Фото: МИА

Пентагон демантира дека Иран погодил американски воен брод

Пентагон демантира дека американски воен брод бил погоден од два ирански проектили кај Ормускиот Теснец, објави „Би-би-си“.

Во објава на „Икс“, Американската централна команда вели дека „ниту еден брод на американската морнарица не е погоден“.

„Американските сили го поддржуваат Проектот Слобода и ја спроведуваат поморската блокада на иранските пристаништа,“ велат оттаму.

Иранската војска претходно тврдеше дека спречила разурнувач на американската морнарица да влезе во Ормускиот Теснец.

Иранската новинска агенција „Фарс“ соопшти дека пловен објект бил погоден од два проектила додека пловел низ Ормускиот Теснец „поради кршење на сообраќајната и поморската безбедност“.

Иран тврди дека со ракети нападнал американски воен брод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот