фото: скриншот

„Пени“ замина во историјата, продавниците во САД останаа без ситни пари

Американските продавници се соочуваат со неочекуван недостаток на ситни пари, откако претседателот Доналд Трамп го укина производството на пени (1 цент), објави investing.com.

Монетата повеќе од еден век е симбол на американската валута. Иако за многумина оваа монета беше симболична, со познатата гравира „In God We Trust“, нејзината економска неисплатливост и промената во навиките на потрошувачите ја ставија во историја.

Одлуката, која стапи на сила минатата недела, беше образложена со тоа дека трошоците за производство на еден цент изнесуваат три пати повеќе, што значи дека секоја монета била поскапа од нејзината реална вредност. Според соопштението на Министерството за финансии, одлуката ќе заштеди околу 150 милиони долари годишно од државниот буџет, но истовремено создаде хаос во малопродажбата.

Многу супермаркети и продавници низ земјата сега немаат доволно ситни пари за враќање кусур, што ги тера трговците да заокружуваат цените нагоре или надолу.

Некои трговски синџири веќе почнаа да ги поттикнуваат купувачите да користат бесконтактно или електронско плаќање, додека помалите бизниси предупредуваат дека ова ќе влијае на нивните дневни приходи.

„Монетите од центи се трошат побрзо отколку што очекуваа трговците на мало по одлуката на претседателот Доналд Трамп да престане да ја произведува монетите од еден цент“, објави Ројтерс.

Некои економисти сметаат дека оваа одлука е почеток на постепено укинување на физичките пари, особено по растот на дигиталните валути и мобилното плаќање.

„Ова е тест за тоа колку Американците се подготвени за готовинска економија без монети,“ изјави аналитичарот Роберт Ливингстон од Forbes Economics.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот