Пендаровски се сретна со претставници на фестивалот „Игри без маска 2019″

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, прими претставници на Меѓународниот инклузивен драмски фестивал „Игри без маска 2019″, што во ноември, по шести пат, ќе се одржи во Скопје, во организација на Здружението на граѓани „Свет на различни, а еднакви”.

Извршниот директор на фестивалот, Гордана Симоновска Момироска и уметничкиот директор на Фестивалот, Снежана Конеска Руси го информираа Пендаровски за предвидените подготвителните активности во пресрет на фестивалот, кој ќе трае четири дена и на кој ќе има учесници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија, соопшти Кабинетот на претседателот.

Целта на проектот, како што се наведува во соопштението, е остварување на законското право на лицата со хендикеп за нивно активно вклучување во културни настани, реализација на инклузивни обуки и работилници за нивна подготовка и учество во драмски дела и музичко сценски настапи со завршно претставување на театарската сцена.

Прочитајте и...  Иранските власти затвораат училишта во два града за да спречат ширење на Ковид-19

Претседателот Пендаровски даде силна поддршка за одржување на фестивалот и изрази очекување дека во реализацијата на проектот ќе се вклучат поединци, институции и општествено одговорни компании, што ќе придонесе за јакнење на свеста и сензибилизација на граѓаните за прифаќање на лицата со хендикеп во своето непосредно и секојдневно опкружување. Целни групи се корисници на институции за нега и грижа на лица со хендикеп, ученици од редовни и посебни училишта, корисници на домови и центри за нега и грижа, како и членови на невладини организации од земјата и од странство, стои во соопштението.

Прочитај повеќе

Албанија со зајакнати мерки по зголемениот број заразени од коронаврус во Италија

Слободен печат

Повик до верниците да го помогнат градењето на новиот конак во Лешочкиот манастир

Слободен печат

Турција ја затвори границата со Иран поради коронавирусот

Слободен печат

Си Џинпинг: Мерките против коронавирусот даваат резултати, борбата е во клучна фаза

Слободен печат

Русија го превзема приматот на пазарот со обоени дијаманти

Слободен печат

Филипче за несреќата во Романовце: Четири лица се во животна опасност.

Слободен печат

Остави Коментар

10 − 9 =

Прочитај повеќе

Заев: Снимките на Милошоски покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО

Слободен печат

На Голак одбележана 76 годишнината од Февруарскиот поход

МИА

Во Италија над 100 случаи на заболени од новиот коронавирус

Слободен печат

Регионална конференција во Битола за погранична соработка и зближување на младите

МИА

Центро Унион прослави јубилеј: 30 години трговија за најдобрите

Слободен печат

Османи: ДУИ реализираше внатрешен ветинг

Слободен печат