Пендаровски им посака успешно работење на членовите на преодната Влада

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва по завршувањето на седницата во Собранието за избор на преодна Влада за спроведување на изборите за пратеници, во својот Кабинет ги прими членовите на новиот состав на Владата.

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва по завршувањето на седницата во Собранието за избор на преодна Влада , во својот Кабинет ги прими членовите на новиот состав. Избраните членови од ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на приемот.

На членовите на преодната Влада, претседателот Пендаровски им посака ефикасно работење и успешно спроведување на претстојните парламентарни избори.

За средбата кај претседателот Пендаровски информираше и новоизбраниот премиер Талат Џафери.

„Особено е важно државните гранки да функционираат координирано и постојано да соработуваат во корист на граѓаните и државата. Денес претседателот Пендаровски организираше прием во чест на новоизбраната Влада“, напиша Џафери на „Фејсбук“.

Преодната Влада беше избрана на денешната 141. пленарна седница со 65 гласа „за“ и тројца „против“. Преодната Влада се избира на 100 дена пред изборите, а има мандат до официјалното објавување на резултатите од претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај, односно до формирањето на новата влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот