Пендаровски: Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

На Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата се потсетуваме на потребата за подигање на свесноста, континуираната борба за повеќе права и еднакви можности на ЛГБТИК+ луѓето. Многумина од нив сѐ уште живеат во страв за општествената прифатеност, предмет се на дискриминација, вознемирувачки говор или, пак, жртви на насилство како дела од омраза, истакна претседателот Стево Пендаровски.

Во пораката по повод 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, шефот на државата вели дека е неприфатлива дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет.

– За жал, како општество не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИК+ заедницата. Сите луѓе треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Сите ние треба да придонесеме кон унапредување на инклузијата во нашето заедничко општество, прифаќање и почитување на различноста. Да создаваме општество во кое сите ќе ги уживаме фундаменталните права, заедница во која маргинализираните сограѓани ќе бидат заштитени, соодветно на демократиските вредности во кои веруваме, напиша Пендаровски во пораката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот