Пеколните горештини продолжуваат во Европа: Рекордни температури во Холандија и Белгија

Ширум Европа оваа недела преовладуваат пеколни горештини, а во Холандија и Белгија денеска биле измерени рекордно високи температури.

Во Холандија и Белгија денеска се измерени температури од 38,8 и 38,9 Целзиусови степени, што се највисоки температури забележани во тие земји

Во северозападниот дел на Белгија попладнево се измерени 38,9 степени што е историски рекорд за таа земја.

„Измерените 38,9 степени Целзиусови се највисока температура измерена во Белгија од почетокот на мерењето во 1833 година“, напиша шефот на Кралскиот метеоролошки институт, Дејвид Денехау, на Твитер.

На југот на Холандија, пак, во 15 часот биле измерени 38,8 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот