Пеколни температури: Кои се симптомите на топлотен удар и како да се заштитите?

Топло време / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Топло време / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Температурите во земјава се високи, наместа над 40 степени, а Македонија е во портокаловата фаза. Хидрометеоролошкиот завод најавува дека во текот на целиот ден ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер. Иста е најавата и за Скопје.

За да се спречат топлотни бранови се препорачува граѓаните да не се изложуваат на сонце во средината на денот, да носат светла и лесна облека и да конзумираат течности за да се избегне дехидратација.

 

Топлотниот удар е состојба кога телото се прегрева за кратко време. Таа се појавува брзо и одеднаш, поради тоа што телото не може да ја одржи температурата во нормалните граници.

Симптомите на топлотен удар се висока телесна температура, општа слабост, топла и сува кожа без потење, забрзан пулс и дишење, пад на крвниот притисок, главоболка, гадење, повраќање, вртоглавица и понекогаш онесвестување.

Поблагата форма на топлотниот удар односно топлотната исцрпеност се случува поради прекумерна физичка активност, кога надворешната температура е висока исто како и влажноста на воздухот. Оваа состојба се манифестира со потење, грчеви во мускулите, главоболка, повраќање, пад на крвниот притисок и губење на свеста.

Уште се на сила мерките и препораките поради високите температури за заштита на населението.

Според одлука на Владата, работниците не треба да бидат изложени директно на сонце, а од 13 до 16 јули се препорачува избегнување на престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Сите компании кои вршат активности на отворено треба да ги запрат во истиот временски период, од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници. За градинките препораката е да работат од 7 до 17 часот и да не ги изнесуваат децата надвор по 11 часот.

Бремените жени и лицата постари од 60 години се препорачува да се ослободат од работни обврски.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи ќе пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

ФОТО ГАЛЕРИЈА | Македонија во портокалова фаза- Се почитуваат ли препораките

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот