ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ: Температури над 40 степени и следната недела

Фото: EPA / Alexander Becher

Пеколните горештини со температури повисоки од 40 степени ќе се задржи до средината на наредната недела.

Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Потоа до среда ќе се задржи
сончево и многу топло време.

Максималната температура во наредните денови ќе достигне до 41 сетепен.

Ќе биде активирана жолта, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење, информираат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот