Пекинг се закани: Ако САД продолжи да оди по погрешниот пат, Кина нема да молчи
Кина ги обвини САД за двојни стандарди и се закани со контрамерки откако претседателот Доналд Трамп најави дополнителни царини за увоз од земјата, објави abcnews.
Препорачано
Министерството за трговија во Пекинг денеска објави дека Вашингтон долго време го злоупотребува принципот на национална безбедност и контрола на извозот, применувајќи дискриминаторски мерки против Кина и еднострано проширувајќи ја својата надлежност на производи како што се полупроводници и компјутерски чипови, пишува Хина.
Кина, исто така, ги обвини САД за нарушување на глобалните синџири на снабдување и го повика Вашингтон да ги исправи своите „погрешни практики“, да ги почитува резултатите од минатите трговски разговори и да ги реши меѓусебните проблеми преку дијалог.
„Доколку САД инсистираат на погрешниот пат, Кина сигурно ќе преземе решителни мерки за да ги заштити своите легитимни права и интереси“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Во петокот, Трамп објави дека САД планираат да воведат дополнителни царини од 100 проценти за кинескиот увоз почнувајќи од 1 ноември, откако Кина објави дека ќе ги прошири контролите на извозот на минерали од ретки земји.
Трамп тврди дека Кина станува „многу непријателска“ и најавува нови трговски мерки


