Пејачката Пинк им порача на поддржувачите на „Роу против Вејд“: Престанете да ја слушате мојата музика

Profimedia
Фото: Профимедиа

Пејачката Пинк сподели што мисли луѓето кои ја поддржуваат неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД за случајот на Роу против Вејд. Откако изборот за абортус во секоја држава, беше поништен, пејачката се огласи на на „Твитер“.

„Да бидеме јасни: ако мислите дека владата припаѓа во матката на жената, бизнисот или бракот на геј лица, или дека расизмот е во ред – ТОГАШ ВЕ МОЛАМ ВО ИМЕТО НА ВАШИОТ ГОСПОД НИКОГАШ НЕ СЛУШАЈТЕ ЈА МОЈАТА МУЗИКА. И. Исто така, ОДЈЕ*ЕТЕ. Добри сме?” 42-годишната пејачка напиша во саботата навечер.

Таа подоцна цитираше објави од корисници на „Твитер“ кои возвратија, вклучително и една која напиша: „Се надевам дека нејзиниот агент ќе го преживее мозочниот удар“. Пинк возврати: „Јас сум мојот агент. Ние сме добро“.

Помеѓу „твитањето“ напред-назад со неколку корисници кои не се согласуваат со нејзините пораки и тврдеа дека „никој не ги слуша“ нејзините песни, Пинк дополнително го објасни интензитетот на тоа што го зборува.

„Мислам дека сите наши нерви се колективно испржени од толку години расизам, мизогинија, хомофобија, итн. Но, ние ќе се држиме заедно. Доброто ќе надвладее над злото“.

Во последователниот твит, таа продолжи: „И сите вие, тажни, стари бели мажи кои ме прашувате дали сè уште правам музика. Сфаќам дека не сте во тек со времето – затоа прашајте ги вашите деца… О чекајте – не можете. Ве мразат“.

Пинк е само еден од неколкуте музичари кои гласно зборуваат за пресудата. Во саботата, Оливија Родриго излезе на сцената на фестивалот Гластонбери во Велика Британија со нејзината ѕвезда гостин Лили Ален за да испрати порака до петмина судии од Врховниот суд кои гласаа за укинување на законот за абортус во САД.

Пејачките ја посветија песната „F**** you“ на судиите кои го укинаа правото на абортус во САД

Пејачот на „Green Day“ по одлуката на врховниот суд: Е*ати Америка, се откажувам од државјанството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот