Пејачот на „Green Day“ по одлуката на врховниот суд: Е*ати Америка, се откажувам од државјанството

Били Џо Армстронг, Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Пејачот на американскиот бенд „Green Day“, Били Џо Армстронг изјави дека ќе се откаже од американското државјанство и ќе се пресели во Англија затоа што е многу вознемирен од минатонеделната одлука на Врховниот суд на САД со која се укина преседанот направен пред 50 години во случајот „Роу против Вејд“, кој им обезбеди право на абортус на жените во сите држави, пишува Си-ен-ен.

„Е*ати Америка, се откажувам од државјанството. Е*ено доаѓам овде. Има премногу глупост во светот за да се вратиме во тоа патетично оправдување за државата“, рече Армстронг на публиката за време на настапот на „Green Day“ во Лондон ве петокот.

Армстронг е фронтмен на „Green Day“ од 1987 година и е една од многуте либерални познати личности кои изразија огорченост поради одлуката на Врховниот суд да го издвои Роу против Вејд кој го овозможи признавањето на уставното право на абортус и им даде моќ на поединечните држави целосно да ја дозволат, ограничат или забранат практиката.

Green day 2019, Фото: EPA-EFE/RAUL CARO CADENAS

Били Џо Армстронг не е единствениот кој имаше многу силна реакција на одлука на врховниот суд. Оливија Родриго за време на нејзиниот настап на фестивалот „Гластонбери“ во Велика Бритаија со британската пејачка Лили Ален хитот „F*** you“ им го посветија на судиите на Врховниот суд на САД кои одлучија да го укинат федералното право на абортус.

Пејачките ја посветија песната „F**** you“ на судиите кои го укинаа правото на абортус во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот