Педри е „златното момче“ на европскиот фудбал

Педри е најдобар млад фудбалер во Европа/ фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалерот на Барселона, Педри е добитник на престижната награда „златно момче“.
Станува збор за признание кое го годелува италијанскиот весник „Тутоспорт“, а кое е наменето за најдобриот фудбалер во Европа до 21 година.

– Благодарност за трофејот, кој ме прави горд. Им благодарам на членовите на жирито и на навивачите кои секогаш ме поддржуваа во оваа неверојатна 2021 година. Нормално, благодарен сум им на Барселона и на репрезентацијата, на моето семејство, пријателите и на сите кои беа покрај мене цела година и без кои немаше да го освојам ова признание – изјави Педри кој наградата ќе ја добие на 13 демекври во Торино.

Изборот за најдобар играч во Европа до 21 година го бираат 40 новинари од најугледните медиуми.  Дури 24 од нив го ставиле Педри на првото место во својот избор, девет на второто и тројца на третото. Тоа значи дека младиот Шпанец освои 318 гласови. На второто место се најде англискиот фудбалер кој игра за Борусија Дортмунд, Џад Белингем со 119 освоени гласови. Минатата година, наградата ја освои Ерлинг Халанд.

Видео на денот