Пчиња веројатно била виолетова од цвекло, но пријавен е и помор на риби во Кумановка

Фото: Фејсбук

По пријавата од рибари дека има помор на риби под т.н Искрин Мост во кумановско, Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор, во пречистителната станица во Доброшане, инфорираа денеска од инспекторатот, од каде најавија дека надзорот ќе продолжи и утре.

– Во недела, 31 јули, по добивање на известување од рибари од Куманово за помор на риби долж река Кумановка и нејзиниот влив со река Пчиња извршен е вонреден инспекциски надзор во Куманово од страна на Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион-Канцеларија Крива Паланка, во правен субјект пречистителна станица во село Доброшане која при надзорот беше во функција. Надзорот во соработка со Државен инспектор за Земјоделство (аквакултура) продолжува во понеделник 1 август, соопштија од инспекторатот.

Оттаму најавуваат дека утре ќе биде извршен и вонреден инспекциски надзор во општина Старо Нагоричане, бидејќи граѓаните на социјалните мрежи алармираа дека се испушта одредена течност во реката Пчиња кај село Драгоманце, по што бојата на водата се менува во виолетова.

– Во понеделник 1 август ќе биде извршен и вонреден инспекциски надзор во Општина Старо Нагоричане во соработка со овластен инспектор за животна средина согласно надлежноста, кај правен субјект за обработка на печурки, цвекло и друг зеленчук поради основано сомневање за деградација на река Пчиња кај м.в Драгоманце со отпадни води од технолошки процес, врз основа на добиени информации преку социјални мрежи, објавија од инспекторатот за животна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот