Пазарот во Берово ќе добие современи тезги

Инвестицијата е дел од мерката Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи како дел од подмерката Инвестиции во пазарната инфраструктура за постбербени активности.

Градскиот беровски пазар преку финансиска поддршка од 3,6 милиони денари ќе се обнови со нови современи тезги, соопштија градските власти.

За таа намена потпишан е договор за финансиска поддршка, односно 50 проценти ќе се обезбедат средства од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, додека останатите 50 проценти од Буџетот на општина Берово.

-Проектот е продолжување на активностите за изградба на покриен зелен пазар, во кој со втората фаза, ќе бидат набавени современи, модерни тезги за продажба на производи на беровскиот пазар. Околу 50 проценти од инвестицијата се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, додека останатите 50 проценти од Буџетот на општина Берово, рече градоначалникот Звонко Пекевски кој го потпиша Договорот за финансиска поддршка за набавка на современи тезги за беровскиот пазар.

Конечно, рече Пекевски, се реализира она што долго време беше најавено.

Инвестицијата е дел од мерката Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи како дел од подмерката Инвестиции во пазарната инфраструктура за постбербени активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот