Павле Трајанов и Диме Велковски од СДСМ не гласаа за францускиот предлог

Пратеникот Диме Велковски од СДСМ, како и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, се меѓу пратениците кои не гласаа за заклучоците околу францускиот предлог за почнување пристапни преговори со ЕУ, кој денеска беше усвоен од Собранието , а потоа и од Владата.

ДС соопшти дека лидерот на партијаата не гласал за предлогот.

„На денешната седница на македонскиот Парламент, на која се расправаше за Францускиот предлот (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, НЕ гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот. Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ, а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија“, соопштија од ДС.

ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми,кои целосно ги исполнува, додаваат од партијата.

Како што претходно најави, за предлогот не гласаше и Маја Морачанин од ДОМ, партија која исто така е дел од владејачкото мнозинство во Собранието. Меѓу пратениците кои гласаа за предлогот ги нема ниту Зијадин Села од Алијанса за Албанците, како и двајца пратеници на Беса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот