Павле Беловски: Погубно е ако една политичка сила тргнала да се пресметува со нас новинарите

Павле Беловски/Фото: „Слободен печат“/Мете Здравев

Во интервју за „Слободен печат“, претседателот на ССНМ Павле Беловски говореше и за случајот на новинарот Фуркан Салиу.

„Недозволиво е да бидат избришани снимките од мобилниот на Фуркан Салиу. Фуркан не прекршил ниту едно етичко новинарско правило затоа што тој најавил дека е новинар и од тој момент тие требале да бидат свесни дека врши новинарски задачи за да информира за настанот на кој присуствувал. Тој не смеел да биде брутално фрлен на земја и притиснат со колено да не може да „диши“. Ние како синдикат и како ЗНМ кога го дискутираме ова во медијација со Техничкиот министер и тој пред нас покажа разбирање за целата ситуација и презема одговорност дека во целост ќе го преиспита случајот преку внатрешната контрола во МВР, а презеде обврска да го преиспита и начинот на примена на сила, уверува Беловски.

„Ние го осудивме однесување во јавноста на техничкиот министер за внатрешни работи кога преку Фејсбук објави и го презентираше целиот случај, затоа што тоа не е од јавен интерес“, вели Беловски.

„Да не забораваме дека Фуркан е во процес пред јавното обвинителство и на Фуркан му се заканува казна затвор доколку обвинителството изгради предмет по таа кривична пријава и го достави до судот. Оттаму, погубно е за една политичка сила ако тргнала да се пресметува со нас новинарите, погубно е и за неа, а погубна е и за целото општество.“, укажува Павле Беловски во интервју за „Слободен печат“.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот