Павиќевиќ: Срамно е да се наплаќаат свидетелства, посебно во година со неквалитетна онлајн настава

Фото: Слободен печат

Сојузот на средношколци на чело со новиот лидер Лука Павиќевиќ одржа пресконференција пред МОН, каде го изрази незадоволството од училиштата кои наплаќале за свидетелства.

– Бараме државниот просветен инспекторат да ги објави имињата на четирите средни училишта во кои се спроведени инспекциите по ова прашање. Ги поздравуваме извештаите, но не интересира по која методологија дошле до тие наоди , истакна Павиќевиќ, додавајќи оти и покрај тоа одговор од инспекторатот засега не добиле.

– Денеска сакаме и директно да им се обратиме на училиштата со порака – вратете им ги парите на учениcите, срамота е да се земаат пари за свидетелства, посебно во година со неквалитетна онлајн настава – порача Павиќевиќ.

Од Сојузот побараа и одговор зошто нема свидетелства во многу средни училишта, посочувајќи оти овој процес не води никаде и не им е од корист на средношколците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот