Патрик Шварценегер вели дека неговиот татко Арнолд „цело време“ ги користи своите познати реплики од филмовите

Instagram

Се чини дека Арнолд Шварценегер не може да избега од неговите познати филмски реплики.

Синот на актерот, Патрик Шварценегер, гостуваше во шоуто на Кели Кларксон во и беше запрашан дали неговиот татко Арнолд честопати користи реплики од неговите познати филмови во своето секојдневие.

Патрик Шварценегер вели дека тато Арнолд ги користи своите познати филмски фрази „Цело време“

Сите го прашуваат тоа. Да цело време го прави тоа“, рече 27-годишниот Патрик.

Кога водителката Кларксон призна дека се надева дека Арнолд ја користи репликата „I’ll be back“ – „Ќе се вратам“ од филмовите „Терминатор“, Патрик ѝ одговори дека неговиот татко навистина го прави тоа кога и да излезе од просторијата.

Тој ќе се врати назад и ќе каже „I’ll be back“, секогаш му викам: – Тато не зафркавај“, низ смеа  откри Патрик.

Патрик е трето од четирите деца на Арнолд и Марија Шривер, роден по сестрите Кетрин Шварценегер Прат (31) и Кристина (29). Тој исто така има помал брат Кристофер (23), додека Арнолд синот Џозеф (23) го дели со поранешната домаќинка на семејството Милдред Баена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот