Патријархот Иринеј се бори за живот, некои портали јавија дека починал

Фото: EPA/FEHIM DEMIR

Српската православна црква објави дека општата состојба на патријархот Иринеј се влошила, како резултат на ковид – 19.

„Постојаниот совет на лекари во присуство на лекари од Руската Федерација ја следи општата и клиничката состојба на неговата Светост патријархот Иринеј од Србија“, соопшти СПЦ.

Службата за информирање на јавноста ги демантира бројните дезинформации кои ги објавија повеќе медиуми во Србија и регионот.

„По повод лажните вести за наводното упокојување на Неговата Светост Српскиот патријарх г. Иринеј, ја информираме јавноста дека, според официјалниот извештај на советот на лекари кои се грижат за здравјето на Поглаварот на нашата црква, неговата состојба е непроменета во однос на извештајот што го објавивме утрово. Сметаме дека ваквото лажно известување и намерна измама и малтретирање на целата јавност, дури и од одредени црковни личности, како и некои медиуми на кои до одреден степен може да им се верува, се крајно неодговорни и неморални.“ се вели во најновото соопштение на СПЦ.

Владиката Стефан, кој е и старешина на Храмот Свети Сава, рече дека симптомите предизвикани од коронавирусот кај патријархот, кој беше примен во болницата на 4 ноември,  започнаа нагло, правејќи го патријархот да дише потешко и да се грижи за неговата возраст.

„Среќа не е проблем со срцето, туку само вирусот“, рече заменик епископот на патријархот Иринеј, за чие здравје, како што додава, се грижи тим доктори од Русија.

Пред да му биде дијагностициран коронавирусот, Иринеј присуствуваше на погребот на црногорскиот митрополит Амфилохије чие тело беше поставено во отворен ковчег иако беше позитивен на коронавирус.

Тогаш многу од корисниците на социјалните мрежи поставија прашање, како е можно починат од коронавирус да се држи во отворен ковчег, а не во лимен, како што налагаат протоколите секаде во светот и како е можно огромен број луѓе да се редат еден позади друг без никаква физичка дистанца и без маски и да го бакнуваат телото на починатиот митрополит.

Реакции на социјалните мрежи поради погребот на црногорскиот митрополит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот