Патот на македонската репрезентација до СП 2022

Главната промена е што ќе има повеќе групи и дека баражот за пополнување на 13 места ќе биде сосема различен од претходните години.

УЕФА одлучи кој систем ќе се применува во квалификациите за пласман на Светското прввенство 2022 година кое што ќе се одржи во Катар.

Европската фудбалска куќа донесе конечна одлука во врска со следните мундијалски квалификации и патот на 55 нејзини членки, помеѓу кои и македонската А репрезентација.

Споредено со системот кој беше актуелен за СП во Русија пред две години, главната промена е што ќе има повеќе групи и дека баражот за пополнување на 13 места ќе биде сосема различен од претходните години.

Во квалификациите за претходното СП, селекциите беа поделени во девет групи и победниците директно се пласираа, дека осум второпласирани се најдоа во бараж, во кои се играа по два меча.

Европските репрезентации сега ќе бидат поделени во 10 групи и директен пласман на СП Катар 2022 ќе остварат само победниците во групите, односно првопласираните, додека преостанатите три европски патници до Мундијалот ќе се дознаат преку бараж.

Во тој додатен круг на квалификациите ќе се најдат второпласираните 10 репрезентации од сите 10 групи и ќе им се приклучат уште две селекции од „Лигата на нации“, кои низ квалификации ја пропуштиле шансата да се пласираат на СП.

Тие 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи, во кои ќе се играат полуфиналните и финалните мечеви и ќе ја донесат одлуката за преостанатите три европски учесници на светскиот фудбалски собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот