Патописна книга: „Никогаш на врвот“ на Паоло Коњети

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ ја објави патописната книга „Никогаш на врвот“ на современиот италијански писател Паоло Коњети, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска. Ова прозно дело на Коњети е инспирирано од вистинско патување. Тоа е дневник за патешествијата до најголемите земјени височини – на Хималаите. Тоа е раскажување кое е топло и детално опишано, но и илустрирано од самиот автор, за тоа како планинарот ги балансира волјата, напорот и болката предизвикани од планината, како се зборува со тибетско куче, како пејзажот станува драма за телото и за духот. Зашто Хималаите не се предел во кој се навлегува лесно: тие се жива планина, населена, експлоатирана, понекогаш изненадувачка, непредвидлива, сурова, бескрајна, фантастична и мистична.

Паоло Коњети (Милано, 1978) дебитирал со збирката раскази „Прирачник за успешни девојки“ по што следи „Една мала работа што ќе експлодира“, за која ги добил наградите „Сетембрини“ и „Кјара“. Ги напишал и „Њујорк е прозорец без завеси“ и „Дивото момче“, преведена во тринаесет земји. Потоа ги објавил „Пливачот“, „Сите мои молитви гледаат кон запад“, „На лов во најдлабоките мочуришта“, „Софија се облекува секогаш во црно“, селектирана за наградата „Стрега“ и преведена во многу земји. Неговиот роман „Осум планини“ (ноември 2016) станал интернационален бестселер. Преведен е на 39 јазици, меѓу кои и на македонски јазик (издание на „Македоника литера“), добитник е на неколку награди, меѓу кои и наградата „Стрега“ во 2017 година. „Никогаш на врвот“ (2018) е негова втора книга објавена на македонски јазик.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 71, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот